Насловна / Вести / Изложба „Дарови“ во Музеј на Град Скопје

Изложба „Дарови“ во Музеј на Град Скопје

Вечерва (17 мај) во Музејот на Град Скопје, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Дарови“ од авторите Славица Христова, Татјана Ѓорѓиовска и Оливера Џартовска Тачевска.

Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Крсте Богоевски.

Дарувањето претставува значајна општествена категорија како чин на меѓусебно внимание, која е иста во сите култури и историски периоди. Неговата суштина е воспоставување на општествени врски помеѓу поединците и солидарност во заедницата. Тоа е аспект од секојдневниот живот кој навидум делува спорадично и неважно, но сепак е важна категорија на комуникација, која содржи естетска, емоционална, економска, натпреварувачка, морална, рекреативна, мистична и религиозна димензија. Значењето на секој од овие аспекти на дарувањето се менува во зависност од животната ситуација и од карактерот на општествената заедница.poster.final

Изложбата „Дарови“ презентира избор на различни етнолошки предмети кои се подарени на Музејот на град Скопје, од жители на градот и неговата околина. Етнолошката збирка на Музејот на град Скопје почнала да се формира во педесетите години на 20 век, која во текот на годините се збогатувала со откупени предмети, но и донации од поеднинци, фабрики и претпријатија, како и етнолошки материјал собран на теренски истражувања.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top