Насловна / Вести / Изградбата на пречистителната станица во Гевгелија доцни

Изградбата на пречистителната станица во Гевгелија доцни

gevgelija

  Иако беше најавено дека изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија ќе заврши до 2014 година, сегашната етапа од остварувањето на зафатот говори дека тој не е ниту почнат да се гради на терен. Деновиве се одржа отворањето на понудите што пристигнаа на меѓународниот тендер за реализација на првата фаза од проектот. На тендерот што го распиша Швајцарската агенција за развој за делот од средствата што ги обезбедува Швајцарската влада, апликации поднеле швајцарските компании „Алфа Васертехник АГ“ (Alpha Wassertechnik AG), „Вабаг“ (Wabag) и „Фела Планунгс АГ“ (Fela Planungs AG). Во претстојниот период ќе се евалуираат понудите, по што ќе се избере и изведувачот на првата фаза.

  Изминатиов период во Гевгелија се одржа и средба со фирмите што се заинтересирани за учество на меѓународниот тендер за изградба на ЛОТ 2, кој ја вклучува линијата за обработка на милот, на административните простории и на внатрешните сообраќајници во пречистителната станица. Овој дел од работите го финансира грчката влада, при што во предтендерската постапка се пријавиле четири грчки компании кои подигнале апликации. Во мај минатата година беше објавено дека скопски „Гранит“ ќе го подготви основниот проект за овој инфраструктурен објект, заедно со изведбата на пристапен пат и мост преку реката Коњска. Пречистителната станица во Гевгелија ќе чини 9,6 милиони евра, финансиски средства што се обезбедени од швајцарската, грчката и македонската влада.

 

Испрати коментар

Scroll To Top