Насловна / Архитектура / Изградбата на Клинички центар е приоритет за Владата – на старата локација?

Изградбата на Клинички центар е приоритет за Владата – на старата локација?

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска ја примија во посета делегацијата на Банката за развој на Советот на Европа (ECB) предводена од Витомир Мајлс Рагуз, регионален менаџер на банката, соопштија од Владата.

Тема на оваа средба била информацијата за најновиот статус за изградбата на новиот клинички центар во Република Македонија за чија реализација е обезбеден кредит токму од страна на Банката за развој на Советот на Европа (ECB).

3

На средбата во Владата на Република Македонија биле презентирани фазите за реализација, имајки ги предвид прашањата за локацијата на клиничкиот центар, изградбата, опремувањето на клиниките соодветно на најновите достигнувања во медицинската технологија, како и прашањето на инфраструктурните проекти за поддршка на работењето на центарот и сообраќајните решенија.

1

На состанокот со претставниците на банката, како што соопштуваат од Владата била искажана јасната определба на Владата на Република Македонија дека ова е еден од најважните приоритети во оваа година, и дека се очекува конечната одлука за најдобрите опции за изградба на Јавната здравствена установа клинички центар „Мајка Тереза“ да биде донесена на една од наредните седници на Владата.

Најновите  моменти на проект за новиот клинички центар кои главно се однесуваат на инфраструктурните и сообраќајните решенија, претставниците на Банката за развој на Советот на Европа (ECB), ќе бидат презентирани и пред целиот состав на Владата на денешната седница.

Соопштението на Владата по средбата со делегацијата на Банката за развој на Советот на Европа (ECB) внесува нови неизвесности околу овој проект. Стручната јавност повеќе пати досега укажуваше на несоодветноста на постојната локација. По издаденото соопштение од Владата каде се напоменува дека инфраструктурните и сообраќајните решенија ќе бидат презентирани пред целиот состав на Владата, останува дилема дали се однесуваат на постојната, неповолна локација или се работи за сосема нов проект на нова, соодветна локација за овој објект кој е од огромна важност за целата држава.2 (1)

Ако се суди според официјалните фотографиите од средбата се забележува дека на состанокот е презентиран и главно е разговарано на постоечкиот ДУП Клинички центар и објектот за нов Клинички центар, истиот оној кој само како 3Д слики повеќепати беше презентиран во јавноста од предходната Влада, а изработени технички проекти, архитектура и сите потребни фази сеуште не се достапни до јавноста.

4 Коментари

  1. арх.Љупчо А.

    СЕ надевам дека нема да се случи оваа глупост со градба на нов Клинички ценар на локација од постојниот. Во Порта 3 бр.255 од април 2017 год. детално и стручно е опишано за овој проект од секој аспект. Стучната фела од сите бранши мора да се спротистави на брзопотезно решение, што скапо ќе го чини Скиопје и Македонија, односно ќе добиеме нов случај како Скопје 2014 и уште едно лошо урбанистичко решение.

  2. Najdobro resenie e da se izgradi na prazniot prostor na lokacijata zajcev rid -bardovci kade simultano moze da se gradi i najaveniot tehnoloski park.Toa da bide se podobro infrastrukturno povrzano od site strani na skopje i od obikolnicata i da bide eden medicinsko-tehnoloski hub koj ke bide gordost za Makedonija i pokazuvanje zrelost kako drzava posle Sk 2014. Se drugo bi bilo totalen promasaj

  3. arhitekt Atanas

    Ne sakam ni da pomislam deka se razgleduva postoeckata lokacija,apsurd i totalna utka,ima prethodna statija na Porta kade ekspertski se izlaga lokacijata vo Bardovci barem decata da ne se macat kako nas i nikad da ne stapnat na Vodnjanska za maka

  4. Ne samio shto e promashaj urbanistichkata postavenost na objektot, loshiot i nesoodveten soobrakaen pristap vo lokacijata, vnatreshnata komunikacija i parkiranjeto, katastrofalen e i podzemniot i nadzemniot infrastrukturen sistem! Podzemnata instalacija e dotraana i nesoodvetna za bilo kakov segashen i ponatamoshen razvoj na komleksot.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top