Насловна / Вести / Изгледот на новиот ресторан на најдобриот готвач на светот Рене Реџепи

Изгледот на новиот ресторан на најдобриот готвач на светот Рене Реџепи

Многу е неблагодарно да се зборува само за едно лице како најдобар готвач на светот, бидејќи вкусовите главно се разликуваат. Сепак, CNN неодамна го прогласи готвачот Рене Реџепи за највлијателен готвач на светот, а неговиот ресторан „Нома“, четири пати бил прогласен за најдобар ресторан.rene-redzhepi-nov-restoran_2

Со оглед на горенаведените факти, сосема е јасно да се заклучи дека секој нов проект на Реџепи ќе се очекува со нетрпение. „Нома“ наскоро ќе ги затвори своите врати, а новиот „Ресторан 108“ треба да го пополни нејзиното место на гастрономската сцена во Копенхаген.rene-redzhepi-nov-restoran_5

Дизајнерското студио Space Copenhagen доби задача да преуреди стара индустриска фабрика и да проектира модерен ресторан на високо естетско ниво.rene-redzhepi-nov-restoran_7

Веќе неколку години во тренд е дизајнирање на ентериери во кои се гледа што повеќе да се зачува од старите и индустриските структури кои вклучуваат бетон, и да се даде што постуден тон над целото место.rene-redzhepi-nov-restoran_6

Со цел да се создаде потопла атмосфера, се воведуваат модерни и интересни детали, како што се висечки светлечки тела, зелени парчиња мебел и многу зелени растенија. Дизајнерското студио кое го уредил ентериерот е одговорно и за мебелот со кој е опремен, а кој е уникатен и наменски. Гостите ќе имаат можност да изберат дали сакаат да седат на квадратни маси за двајца, тркалезни маси за неколку луѓе или, пак, на големи заеднички маси.rene-redzhepi-nov-restoran_4 rene-redzhepi-nov-restoran_3 rene-redzhepi-nov-restoran_1

Испрати коментар

Scroll To Top