Насловна / Вести / Истанбул – создавање на врска со природата

Истанбул – создавање на врска со природата

Istanbul nov park

Постоечките зелени површини во Истанбул се ретки, и токму затоа проектот за изградба на парк кој ќе биде лоциран шест километри северно од центарот предизвика голем интерес во јавноста. Архитектите од Studio Dror со идеја новиот парк да биде интересен и за странците што го посетуваат Истанбул, одлучиле да создадат парк кој ќе ослободува од анксиозноста и стравот, што често е присутен кај странците кога е во прашање непознато опкружување.

Istanbul nov park1

Тоа што е предвидено во мастерпланот за „Parkorman“, е всушност мрежа од можности, односно динамичен систем кој посетителите ќе можат да го истражуваат. Наместо да имаат однапред дефинирана рута, посетителите сами го креираат своето искуство. Бројните нелинеарни патеки минуваат како бранови низ шумата. Проектот содржи пет главни зони, каде секоја има своја специфичност и осмислена е да предизвика емоции.

Istanbul nov park2

„Plaza“ се наоѓа на самиот влез во паркот, а е замислено како заедничко собиралиште и место за дружење. Повикот за движење, игра и релаксација е распространет низ целата локација преку лулашки, мрежи и лежалки („Loop“). Потоа, тука се наоѓа и огромниот „ball pits“, инспириран од турски традиционален пазар каде се продаваат зачини („Pool“).

Istanbul nov park3

Покрај ова, тука е и пешачката патека која ледби над тлото и се извива околу огромен простор со трамболина во центарот („Chords“). „Grove“ е лавиринт од патеки со „скулптури“, додека „Fountain of Clarity“, во облик на коцка пушта вода на сите четири страни и се отвора со помош на хидраулика. Низ сите овие искуства природата повторно ќе биде вградена во урбаниот начин на живот.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top