Насловна / Вести / Искуства на агентите за недвижности: Какви куќи сакаат да купуваат славните

Искуства на агентите за недвижности: Какви куќи сакаат да купуваат славните

Ubavi kukji i stanovi vo SAD2

Една агентка за недвижности од САД која во бизнисот е над 25 години и денес е партнер во компанијата со својата ќерка, во текот на својата кариера имала прилика да се сретне со бројни славни личности во улога на нејзини клиенти. За медиумите таа раскажува кои се нивните желби и најчести барања при купување на недвижност.

Ubavi Kukji i stanovi vo SAD

Меѓу најнеобичните барања, таа го истакнува барањето за т.н. „сигурна соба“, во која ќе бидат складирани сите потребштини за подолг период,  за случај на некаков напад или војна. Таа потврдува дека ги исполнувале ваквите желби на клиентите, иако за среќа се уште никаде никој не ги употребил.

Ubavi kukji i stanovi vo SAD3

Уште еден куриозитет лежи во констатацијата дека и славните имаат свои идоли. Така на пример пејачката Мараја Кери пред неколку години била категорична во намерата да ја купи куќата во која живеела Барбара Стерјсенд која била нејзин идол.

Ubavi kukji i stanovi vo SAD1

Некои барале посебен фрижидер само за чување парфеми, а други пак кошници со пчели на покривот, бидејќи биле љубители на свеж мед.  Не редок бил и примерот клиентот првпат да ја види куќата дури откако ја купил, каков што бил случајот со Леонардо Ди Каприо.

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top