Насловна / Вести / iSalone del Mobile 2015 – разновидни современи интерпретации и прототипови на мебелот

iSalone del Mobile 2015 – разновидни современи интерпретации и прототипови на мебелот

саем-за-мебел-милано-30

Саемот за мебел во Милано „Salone del Mobile“ претставува едно од најпознатите случувања во светот каде што познати дизајнери доаѓаат да ги изложат своите парчиња мебел. Саемот оваа година започна на 14 и траеше до 19 април. Изложбата на креативните дизајни на мебел секоја година се одржува во просториите на FieraMilano во западниот дел на Милано. Ова сајмиште кое за првпат е отворено во 2005 година, зафаќа вкупна површина од 345 метри квадратни распоредени во осум павилјони и дополнителни 60 илјади метри квадратни надворешен простор, со што се вбројува меѓу најголемите изложбени простори во светот.

саем-за-мебел-милано-32

Голем број на светски познати дизајнери земале учество на оваа изложба, каде што ги претставиле своите парчиња мебел, аксесоари за домот, орнаменти, декорации, текстил од секаков стил – од класичен до модерен.

саем-за-мебел-милано-28

Како дел од овогодишната изложба бил и познатиот италијански дизајнер Мишел де Лучи, кој инспириран од павилјонот на Жан Нувел пред две години на истиот саем „Проект: канцеларија за живеење“, креирал настан каде се зборувало за предлогот за живеење во работниот простор во различни современи интерпретации. Се одржа и познатиот настан т.н. „EuroCucina“ каде што се претставени најновите технологии и современи дизајни на кујни, вградени апарати и најразновидни прототипови за кујната на иднината. Со свој проект за современа кујна, кој го репрезентира новиот начин на живот наречен „Irori“, се претстави дизајнерот Кенго Кума. саем-за-мебел-милано-1 саем-за-мебел-милано-2

Слично на овој настан биле претставени и најновите достигнувања во полето на бањите, односно биле прикажани новите естетски квалитети, креативната опрема за бањи, туш кабини, сауни за во домот, различни порцелански инсталациии, облоги за ѕидови и џакузи кади. Како дел од проектите за современа бања се издвојуваат „Stand Collection for ex.t“ од архитектонското студио „Norm Architects“ и современиот мијалник во облик на дијамант од дизајнерите Морено Рати и Паоло Олиан.

саем-за-мебел-милано-7

Иновaтивните решенија можеле да се забележат и во дизајните на мебел, како што се креативните столчиња „Cheese fondue stools“ на јапонскиот дизајнер Сатсуки Оката, потоа модуларниот систем за седење на дизајнерското студио „LoveTheSign“ наречен „Rodolfo“, минималистичките ламби од шведско-германското студио „Hopf Nordin“. Освен мебелот се истакнале проектите на дизајнерското студио „Mazda Kodo“, кои се претставиле со футуристички дизајн на велосипед и современиот концепт за бар претставен од „SodastreamMIX“.саем-за-мебел-милано-3

саем-за-мебел-милано-4

Сеамот за мебел во Милано претставува место каде што млади дизајнери од целиот свет, важни бизнис луѓе и таленти ќе се соберат на едно место и ќе ги споредат своите идеи. На тој начин, Милано стана место на неспоредлива опсерваторија на млади меѓународни креативни луѓе, чии дизајни по одржувањето на саемот се пуштаат во производство, и истовремено учеството на ваквиот настан влијае позитивно врз развојот на нивната кариера.саем-за-мебел-милано-5 саем-за-мебел-милано-6 саем-за-мебел-милано-8 саем-за-мебел-милано-9 саем-за-мебел-милано-10 саем-за-мебел-милано-11 саем-за-мебел-милано-12 саем-за-мебел-милано-13 саем-за-мебел-милано-14 саем-за-мебел-милано-15 SONY DSC SONY DSC SONY DSC SONY DSC SONY DSC SONY DSC SONY DSC SONY DSC саем-за-мебел-милано-25 саем-за-мебел-милано-26 саем-за-мебел-милано-27

Испрати коментар

Scroll To Top