Насловна / Архитектура / Интернационална VELUX награда 2018, за студентите по архитектура

Интернационална VELUX награда 2018, за студентите по архитектура

Условите од конкурсот за наградата IVA 2018 (International VELUX Award), поставуваат пред студентите по архитектура ширум светот интересна задача – истражување на темата за природната светлина и нејзината улога во нашиот живот и особено во архитектурата. Заинтересираните студенти можат да се регистрираат за учество на овој конкурс во периодот до 1-ви април 2018 година, додека крајниот рок за предавање на конкурсните трудови е 15-ти јуни 2018.

IVA 1

Во јуни 2018, жирито ќе избере 5 регионални проекти во секоја од двете категории (природна светлина во објектите и истражување на природната светлина). Од овие финалисти кои ќе имаат поедничечно претставување пред жирито, на крајот ќе се изберат победниците во двете категории. Победничките проекти ќе бидат наградени со вкупна сума од 30.000 евра, а прогласувањето на победниците ќе биде во октомври 2018. Регистрирањето за учество на конкурсот е на страната iva.velux.com

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top