Насловна / Вести / Интензивирање на соработката за заштита на животната средина помеѓу Македонија и Словенија

Интензивирање на соработката за заштита на животната средина помеѓу Македонија и Словенија

sorabotka mak slo

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец.
На средбата, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, се разговарало за тековните и идни проекти од областа на заштита на животната средина.
Министерот Изаири и амбасадорот Раковец изразиле задоволство од досегашната плодна соработка меѓу Македонија и Словенија на полето на животната средина со уверување дека ќе продолжат иницијативите за унапредување на истата.

Испрати коментар

Scroll To Top