Насловна / Архитектура / Инспирација и едукација на Првата конференција на „Винербергер“ за архитекти во Македонија

Инспирација и едукација на Првата конференција на „Винербергер“ за архитекти во Македонија

На 22 јуни, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа Првата конференција на „Винербергер“ за архитекти и инженери во Македонија. Со свои обраќања конференцијата ја отворија директорот за продажба и маркетинг на „Винербергер-Тондах“ во Македонија, Владимир Златковски, како и претседателот на Комората на архитекти на Македонија, Миле Димитровски. На конференцијата се собраа повеќе од 250 архитекти и градежни инженери, индивидуални професионалци, како и членови на тимовите на архитектонските бироа низ земјава.

На настанот беа презентирани најновите трендови во градењето, се зборуваше за тулата како најважен градежен материјал, за енергетската ефикасност на градбите и за предностите и разликите на косиот и рамниот покрив.5J0A8757

Четири врвни предавачи со четири инспиративни презентации

5J0A8927

Прв предавач беше познатиот хрватски архитект, Андрија Русан, кој зборуваше на тема „Тулата во архитектурата“. Тој изложи низа уникатни „архитектонски приказни“, примери од неговата пракса, за развојот на проектите од идеја до реализација, во кои главната улога ја има тулата.

5J0A8997

По него излагаше Мартин Пановски, врвен архитект, дел од „Радиус архитекти“ и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Неговото излагање насловено „Трендови во архитектурата“ беше навистина инспиративно, свртувајќи го вниманието кон она што треба да бидат трендови во архитектурата во Македонија: поголема одговорност на архитектите кон природата, околината и општеството, грижа за екологијата преку заложби за енергетска ефикасност и поголема комуникација меѓу архитектите, но и комуникација на архитектите со корисниците на тоа што тие го продуцираат.5J0A9055

Третото предавање беше на д-р Бојан Миловановиќ, професор на Градежниот факултет при Универзитетот во Загреб. Тој зборуваше за енергетската ефикасност, со низа примери од регионот за енергетската ефикасност на новите, но и за унапредување на енергетската ефикасност на постоечките градби. Сепак, она што тој го потенцираше е неопходноста од постојано имање предвид на другата страна од паричката, односно на лесната запаливост на фасадите што имаат висока енергетска ефикасност, преку низа примери на пожари на ваквите градби во светот и во регионот, но и во Македонија.

5J0A9139

Последен предавач на конференцијата беше проф. д-р Тодорка Самарџиоска од Градежниот факултет во Скопје. Таа зборуваше за косите и рамните покриви – разликите и предностите меѓу нив. Како што кажа во својата презентација, таа лично е приврзаник на косите покриви од ќерамида, кои според неа, се дел на нашата традиционална македонска архитектура со четириводни коси покривни конструкции, имаат висока енергетска ефикасност во смисла на потрошувачката за греење, попогодни се за нашите временски услови и (не)таложењето на снегот, но и од аспект на грижа кон околината – направени се од еколошки пријателски материјал и се подложни на рециклирање.5J0A9188

Изложба на дела наградени на Brick Award

Во рамки на конференцијата беше отворена и изложба на архитектонски дела, наградени на Brick Award, а најсреќните десет архитекти ја добија на подарок ексклузивната публикација Brick Award ’16, како и влезници за следните „Денови на Орис“, кои ќе се одржат во октомври во Загреб.5J0A9203

Придобивки за целата архитектонска фела

Според впечатоците на присутните, настанот беше уникатна можност за едукација и инспирација, но и за дружење и разменување искуства, знаења и сознанија на архитектите и градежните инженери. Она што беше истакнувано за време на кафе-паузите и свечената вечера од самите учесници е дека ваквите настани освен едукативната и инспиративната функција, ја имаат и најбитната функција – сплотување на фелата и издигнување на архитектонскиот дискурс на едно повисоко ниво.

Имајќи го предвид тоа, одговорните од „Винербергер-Тондах“ пред себе имаат навистина голем предизвик кога ќе ја организираат следната, втора конференција за архитекти, со оглед на тоа што уште во првата, летвичката ја поставија навистина високо.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top