Насловна / Архитектура / Импресивна винарија дизајнирана од познатиот Филип Старк

Импресивна винарија дизајнирана од познатиот Филип Старк

Францускиот дизајнер Филип Старк ги здружи силите со архитектот Лук Арсен-Анри во создавање на необична винарија во Бордо.

Се работи за интересен архитектонски потфат, за конструкција направена од челик, со изглед што потсетува на сечило од нож забодено во „површина“. Винаријата е позиционирана во регионот Pessac-Léognan, кој инаку е познат по своите сјајни вина, а сопственик е производителот на вино Château les Carmes Haut-Brion, кој одлучил во овој амбиент да вклопи своја винарија, бидејќи сметаа дека условите се одлични.филип старк винарија (1)

Конструкцијата на објектот е делумно вкопана во водната површина, а има четири нивоа. Со својот изглед наликува на еден вид нож паднат од небото и вкопан во земја. Ослободено од каква било сугестија од архитектура, зданието на некој начин, со својот изглед го симболизира квалитетот на вината, односно рафинираниот вкус и елеганција.филип старк винарија (2)

– Ова „чудо“, што го направивме за Château les Carmes Haut-Brion заслужува ваква интерпретација, и се надевам дека сме во право – порача и објасни познатиот дизајнер Старк, кој е најпознат по своите дизајнерски проекти во контекст на ентериери, дизајнерски производи, но и разни архитектонски објекти.филип старк винарија (3) филип старк винарија (4) филип старк винарија (5) филип старк винарија (6) филип старк винарија (7)

Испрати коментар

Scroll To Top