Насловна / Архитектура / Имавме сон: бегство покрај езерото

Имавме сон: бегство покрај езерото

1     Езерото Pend Oreille се наоѓа во северниот дел на државата Ајдахо во САД . Тоа е тринаесетто најголемо слатководно езеро на светот и петто најдлабоко езеро во САД. Толку е длабоко што американската морнарица со сонарна подморница сè уште ги испитува неговите длабочини. Огромни шуми во Националниот парк го опкружуваат езерото чие крајбрежје е ретко населено.

3       Тука, Чак и Памела Хулберт избрале да живеат преселувајќи се од Тексас. Тие имаат направено дом кој е само 20 минути одење пеш до езерото, но посакале да направат нешто што е многу поблизу до водата. Купиле парче земја на котата Пикард и изградиле куќа од 70 м², каде што сакале да се одмораат и да им се восхитуваат на убвините на езерото и неговата околина.

25     Чак Хулберт го одбрал архитектот Џон Сајлер (Jon Sayler) да му го изработи проектот, со желба објектот да се вклопи во пејзажот и да не го нарушува! Архитектот Сајлер ангажирал геометар кој му направил детална геодетска подлога, за да може што подобро да го смести објектот на плацот. Објектот има неправилна форма со 10 агли. Архитектот направил објект кој веднаш не може да се препознае како куќа, во која луѓето ќе гледаат и ќе се прашуваат: „ Што е тоа? Тоа е еден покрив? “

4       На целиот кров посадиле четири видови цвеќиња и трева. Тоа било дел од решението и ги чинело доста скапо, но тие, како и нивните гости се воодушевени од кровот. Сајлер сакал куќата да биде осамена во природата, без други објекти наоколу. Од тие причини, тој направил паркинг простор на околу 200 метри од објектот. Така, посетителите, откако ќе се паркираат, ќе мора пеш да се прошетаат низ шумата одејќи по каменитата патека.

Врз поплочениот двор од камен, тие направиле огниште кое може да служи и како маса кога врз него се става дрвена округла плотна и околу него се наредат столици.

6       Влезната дрвена врата е изработена од еден локален уметник Мјулс Хоуген (Myles Hougen), кој за нејзина изработка користел различни видови дрва од околната шума, како  кедар, ела, бреза. Влезот води во кујната, во која се наоѓа фрижидерот, микробрановата печка како и лавабо со вода, но тие немаат машина за миење садови. Целиот ентериер е изработен од ела. Локалните занаетчии ги изработиле креветот во спалната соба и трпезариската маса, додека столиците се дански.

Испрати коментар

Scroll To Top