Насловна / Вести / ИЕГЕ со oбука за проектирање армирано-бетонски згради според еврокодови

ИЕГЕ со oбука за проектирање армирано-бетонски згради според еврокодови

Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ започнува со обука за проектирање армирано-бетонски згради според еврокодови. Обуката се однесува на разработени 3 студии на случај за ниска, средна и висока дуктилност, и истата е развиена врз основа на принципите на образованието на возрасни со користење на методи и техники кои помагаат за развој на нови знаења и вештини.

Еврокодовите се најсовремени технички пакети за проектирање на конструкции во светот, обезбедуваат методи чиј развој е целосно транспарентен, промовираат иновативност во проектирање конструкции и презентираат значајни можности за извоз на градежни производи како и инженеринг услуги на европските и светските пазари.Eurokodovi Obuka IEGE-page-001

Обуките ќе траат два месеци и се состојат од: прв месец – 30 часа настава распоредена по термини во текот на целиот месец  и втор месец – изработка на проектна задача. Проектната задача се брани пред комисија од предавачите на обуките. Модулите ќе бидат водени од експерти во своите области и докажани професори од Македонија од соодветните области.

Кандидатите кои успешно ќе ја завршат спроведената обука ќе се стекнат со компетенции и знаење за проектирање на соодветен тип на објекти според еврокодови, како и сертификат за успешно завршена обука за проектирање на армирано-бетонски објекти од високоградба издаден од ИЕГЕ, кој е акредитиран од Министерството за образование и наука.

Планирано е да се организираат обуки за три групи распоредени во различни временски периоди, почнувајќи од месец септември со првата група на заинтересирани. Максималниот број на кандидати во една група изнесува 20. Во текот на обуката кандидатите ќе добијат печатен материјал со разработени практични примери.

Еврокодовите придонесуваат за безбедност и заштита на државјаните во работната средина на Европска Унија и се засновани на најдобрите научни препораки. Република Македонија како земја кандидат за членство во Европска Унија, преку Институтот за стандардизација ги има усвоено европските стандарди за проектирање – еврокодови.

Во тек се пријавувањата, за повеќе информации контактирајте: info@iege.edu.mk; 02 30 91 931

 

Испрати коментар

Scroll To Top