Насловна / Градежништво / Иднината на градежништвото: 3D печатен бетон

Иднината на градежништвото: 3D печатен бетон

3d-spechaten-beton-662x400

Во блиска иднина, времето потребно за изведба на сложени бетонски конструкции ќе се намали од неколку недели на неколку дена.

Архитектонските форми стануваат сè покомплицирани и заоблени, а сè помалку има градежни компании кои можат да ги реализираат во краток временски рок. Од тие причини, професор др. Ричард Бусвел од Универзитетот Loughborough се соедини со познатата компанија Foster+Partners и изведувачкиот гигант Skanska, за развој на технологија за 3D печатење на бетонски елементи. Што подразбира тоа?

3D печатењето на бетонски елементи, комбинирано со префабрикувани елементи, има потенцијал да го намали времето потребно за изведба на комплексни елементи од неколку недели на неколку дена. Оваа технологија посебно корисна би била за изградба на неправилни и заоблени форми кои доста тешко се изведуваат со конвенционални методи.

На пример, Фостеровата зграда St.Mary’s Axe е нешто прилично комплексно – вели проф. Бусвел, но ние сакаме да развиеме систем кој градбата на таква зграда ќе ја сведе на година дена.

Во видеото стои подетално објаснување како ќе се одвива процесот на 3D печатење во бетон.

Испрати коментар

Scroll To Top