Насловна / Екологија / И Турција ќе гради еколошки град

И Турција ќе гради еколошки град

Pistacchio_di_Bronte
Се работи за мегапроект кој би требало да биде реализиран на површина од 3.200 хектари, на 11 километри оддалеченост од градот Газиантеп, на југоистокот на Турција, недалеку од сириската граница. Планирано е во овој град да живеат околу 200 илјади луѓе. Посебно е интересен концептот за греење, кој се базира на биомаса од земјоделски отпад, односно од лушпи од ф’стаци.

Турција, според податоците на Организацијата на ОН за храна и земјоделство ФАО, е меѓу четирите најголеми извозници на ф’стаци во светот, заедно со Иран, САД и Сирија. Минатата година, Турција извезла 6.800 тони од овој производ, што ѝ донело приходи од 80 милиони долари.

Лушпите на ф’стаците имаат задоволителна топлинска моќ, и се проценува дека ќе биде солиден топлински извор за новиот град. Конечниот извештај за изводливост на овој проект ќе биде претставен пред градските влсти на Газиантеп идниот месец.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top