Насловна / Вести / Димитров: Не гледам можност за интегрална заштита на мојата „бела гулабица“

Димитров: Не гледам можност за интегрална заштита на мојата „бела гулабица“

И објектот на административно-деловниот комплекс „Палома бјанка“ во центарот на Скопје ќе биде рефасадиран во стилот на „Скопје 2014“.

Градските власти распишаа оглас за изработка на основен проект за реконструкција на фасадата. Во огласот е напоменато дека се бара основен проект за реконструкција на фасада на постоен објект во централното градско подрачје на градот Скопје на плоштад „ВМРО“. Од Градот процениле дека за проектот ќе треба да платат околу 7.000 евра.

Автор на објектот „Палома бјанка“ е архитектот Трајко Димитров. Градењето е започнато во 1988 година, а е завршено во 1995 година. Објектот го градење ГП „Пелагонија“, Скопје.

paloma bjanka

– Сметам дека во постојните услови во кој се реализира проектот „Скопје 2014“, јас не гледам реална алка со која би можел да се впуштам во процесот на интегрална заштита на моето авторско право во однос на објектот „Палома бјанка“, или како што си ја нарекувам „Бела гулабица“. Веројатно излезот од оваа наметната ситуација можеме да очекуваме дека ќе се случи доколку се створат услови во рамките на разрешување на актуелната политичка криза во земјата. – вели архитектот Трајко Димитров за „Порта 3“.трајко димитров

На овој начин, и објектот „Палома бјанка“ е еден од долгата низа згради во центарот на градот што ќе добие „стилска“ фасада. Поголем дел веќе се рефасадирани, а на дел интензивно се работи.

2 коментари

  1. Hello, wake up…..

  2. Zabeganite ostanuvaat do kraj ZABEGANI.No krajot im se blizi.

Испрати коментар

Scroll To Top