Насловна / Архитектура / Хотел на плажа кој дава нова дефиниција за луксуз

Хотел на плажа кој дава нова дефиниција за луксуз

Хотелите што се наоѓаат во близина на плажата во градот Мајами, генерално, не мора да се грижат околу посетеноста.

Туристи од целиот свет сонуваат да дојдат во градот, кој функционира како совршен спој на урбаната метропола и место кое нуди идеален одмор на плажа со коктели.мајами хотел (4)

Сепак, во големата конкуренција на хотелите на плажата, хотелскиот комплекс Acqualina Resort & Spa on the Beach успеа да се наметне како нешто сосема поинаку.

Поточно, тоа е единствениот хотел со пет ѕвездички, кој нуди директен пристап до плажа, а целокупната понуда е како на оние од најдобрите хотели во светот.мајами хотел (3)

Луксузот тука може да се најде на секој чекор, без разлика дали се во прашање услугите на батлерите, кои се достапни 24 часа, или кога се работи за дизајнот и архитектурата на објектите на коишто работеле врвни дизајнери.мајами хотел (7)

Надворешниот изглед на хотелот е инспириран од старите медитерански вили, и служи како совршен контраст на високи згради меѓу кои е сместен.мајами хотел (5)

Гостите имаат на располагање 98 соби, како и дополнителни содржини како што се приватно кино, теретана, соби со 3D компјутерски игри и разни спа опции.мајами хотел (8) мајами хотел (6) мајами хотел (2) мајами хотел (1)

Испрати коментар

Scroll To Top