Насловна / Арт и дизајн / Холанѓани прават „овошна кожа“ за дизајнерски предмети

Холанѓани прават „овошна кожа“ за дизајнерски предмети

Што се случува кога холандски студенти, кои специјализираат дизајн при академијата „Вилем де Кунинг“, си земат при срце еден од најголемите социјални проблеми во јужна Холандија, а тоа е фрлањето на храна во огромни количини и притоа неговото решавање станува нивна кауза и тема на дипломска работа?!

кожа од овошје (5)

Еден од нив – Хуго де Бун, се сеќава на почетокот. Од прозорците на академијата секој вторник и сабота редовно набљудуваме како завршуваат пазарните денови на плоштадот „Бинероте“ во Ротердам.кожа од овошје (6)

„Гледаме како на крајот на денот плоштадот се покрива со огромни купови на овошје и зеленчук, кои беа фрлени од трговците. Бевме сведоци на еден сериозен проблем, кој всушност е глобален.кожа од овошје (10)

Поради тоа, кај нас природно се јави желба да помогнеме за негово решавање. Се разбира, тоа го забележавме од дизајнерска гледна точка“.

Почнуваат со студијата, која подоцна им стана дипломски труд. Откриваат статистички колку количини исфрлена храна завршува на депонија или колку жртви има во кожната индустрија, а да не се зборува за загадувањето што доаѓа од оваа индустрија.кожа од овошје (4)

На пример: 45% од овошјето не стигнува до крајниот корисник на овошје и затоа се фрла.

Дневно, само на градскиот пазар во Ротердам, продавачите остават околу 3500 килограми овошје и зеленчук, кои не се вклопуваат во стандардите за правилна форма. Трговците треба да плаќаат за да се ослободат од овој отпад, но многу од нив го фрлаат или го оставаат нелегално за да заштедат средства.

„Можевме да им понудиме друга алтернатива за непотребното овошје и зеленчук“.

Така, 20-годишните момчиња одлучуваат дека има смисла да развијат сопствена технологија за изработка на „овошна кожа“ изработена од фрленото овошје и зеленчук.

Сега Хуго де Бун и Коен Меркерк, на 23 години, веќе се дизајнерски тандем под името Fruitleather Rotterdam, оддадени се на страста да му даваат нова форма и вредност на овошјето што претходно имаше етикета „непотребно“.

За таа цел ја подобруваат технологијата за изработка на „овошна кожа“.кожа од овошје (1)

Студиото им е дел од платформата Blue City, заедница на start-up бизниси, во кои отпадот на еден бизнис или ресурс е сам за себе.

Кожниот материјал кој го добиваат е доволно квалитетен и здрав за изработката на чанти, облека, обувки, ентериер, автомобилски мебел и наскоро предизвик и интерес на значајни брендови во модата и автомобилската индустрија.

Меѓу нив е и германска компанија која изработува седишта на автомобилски брендови како BMW и Порше.

Овој млад дизајнерски тандем изработил прототипи за рачна торба, изработена од манго, шопинг торба  изработена од фрлени праски.кожа од овошје (1)

Веќе имаат и дизајнерски стол од кожа, која наликува на крокодилската.

Бизнисот допрва им се развива, но во исто време основна движечка сила им останува да ја спасуваат „храната што не е за ѓубре“, а исто така да понудат алтернатива за „природната кожа“, која практично повторно е природна, но не мора да се убиваат над еден милион животни годишно.

Шест чекори од плодот до кожата

Во случајов, Хуго и Коен ги земаат непотребните остатоци од овошје од продавачите на пазарот во Ротердам, но главно користат манго, портокали, праски, банани, јаболка и јагоди – за производство на различни видови кожен материјал, кој конечно е на природна база.

Производствениот процес се чува во тајност, но ги откриваат шесте основни чекори во технологија: собираат хранлив отпад од штандовите на пазарот во Ротердам, ги вадат семките од плодот и потоа го мелат останатиот плод.кожа од овошје (2)

Потоа, добиеното овошно пире го готват (вријат) за да се елиминираат сите бактерии од плодот, што гарантира дека материјалот нема да изгние.

Следната фаза оди преку „специјална површина“, на која се истура добиената смеса со цел таа да се шири. Во процесот на сушење, тоа е од суштинска важност. Откако ќе биде исушена, суровината служи за производство на овошна кожа.

Добиената кожа, според креаторите, по квалитет не се разликува од животинската кожа, но е различна и е во зависност од видот на производот, од кој таа се прави.

кожа од овошје (3)

Секој сантиметар е уникатен. Тоа е материјал со јасна структура и текстура, кој се разликува според плодот што се користи.

Дизајнерите во моментов развиваат нови чекори во процесот на производството, за да го подобрат квалитетот на материјалот што треба да ги задоволува потребите за специфични производи – мебел, облека, а се во преговари и за бренд чевли.кожа од овошје (7)

Екипата ја тестира цврстината на материјалот, нивото на водоотпорност и издржливост.

кожа од овошје (8)

За сега, икона им е производот наречен Портокалова торба.кожа од овошје (9)

„Користете ја торбата, за да покажеме какви производи може да се добијат од нашиот кожен материјал“, вели Хуго. Дизајнерскиот кожен стол – моделот Wassily е заедничка работа со дизајнерот Jordi Verbaan. (Макфакс)

Испрати коментар

Scroll To Top