Насловна / Хортикултура / Хепенинг за цвеќето

Хепенинг за цвеќето

skopski cveten festival (3)

На 16 и 17 мај, во организација на ЈП „Паркови и зеленило“, а под покровителство на град Скопје, по вторпат во Градскиот парк, поточно наспроти Паркот на милениците, се одржа настанот Скопски цветен фестивал. На отворањето на фестивалот, голем број граѓани уживаа во овој хепенинг исполнет со многу растенија, забава и музика.

skopski cveten festival (8)

Самиот настан беше поделен на три зони. Во првата зона имаше креативни работилници за изработка на најразлични креации, идеи и иновации. Со помош на вработените во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, сите оние што беа заинтересирани имаа можност да се едуцираат за правилно засадување и одржување на растенија, изработка на цветни аранжмани и оригами, но, пред сè, првата зона беше наменета за едукација и подигнување на свеста за најмалите посетители.skopski cveten festival (10)

Втората зона, која воедно го зафаќаше најголемиот дел, претставуваше зона за промоција на фирмите што се занимаваат со хортикултурно и пејзажно проектирање и уредување. Во овој дел, посетителите можеа да купат цвеќе, цветни аранжмани, декоративни садници по промотивни цени. Покрај нив, аранжмани имаа и ученици од СУГС „Георги Димитров“ и СУГС „Браќа Миладиновци“, како и студентите од Шумарски факултет Скопје.

Изложувачите во овој дел, преку најразлични аранжмани ја презентираа својата дејност и креативност. Фирмата „Биро Проект“ од Скопје настапи на овој фестивал со презентација на своите услуги во делот на хортикултурата и преку макета презентираше детално решение, од изолација до зеленило за подигнување на зелен кров.

skopski cveten festival (8)

Третата зона или зона за забава имаше за цел да ги анимира посетителите преку перформанс за вежбање аеробик и зумба со професионални инструктори.skopski cveten festival (9)

Во целост, ова претставуваше одлично организирана и солидно посетена манифестација, која се надеваме дека во иднина уште повеќе ќе расте и ќе се развива, бидејќи на градот Скопје му недостасуваат почесто и повеќе настани од ваков вид за промоција, едукација и подигнување на еколошката свест кај граѓаните, а особено кај најмладите.

skopski cveten festival (6) skopski cveten festival (5)

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top