Насловна / Вести / „Гугл“ ќе се напојува со 100 проценти обновлива енергија од следната година

„Гугл“ ќе се напојува со 100 проценти обновлива енергија од следната година

Дата центрите и канцелариите на интернет гигантот „Гугл“, во кои работат околу 60 илјади вработени, ќе се напојуваат исклучиво со обновлива енергија од наредната година.

„Гугл“ веќе е најголемиот светски купувач на обновлива струја. Минатата година, набавил 44 проценти од струјата што ја искористи од соларни и ветерни фарми. Сега, тој процент го зголемуваат на 100, а извршниот директор на компанијата вели дека не ги отфрлаат можностите да инвестираат во нуклеарна сила во иднина.gugl

„Уверени сме дека ова е добро за бизнисот, не само за екологијата. Се работи за подобри цени за нас на долг рок“, вели Марк Оман од „Гугл“. „Нашите основачи се убедени дека климатските промени се вистинска и итна закана, затоа мора да го извршиме нашиот дел од битката“.

Технолошките компании во изминатиот период беа доста критикувани за влијанието на загадување. Поради огромниот раст, сега се должни за дури два проценти од глобалната емисија на стакленички гасови, „конкурирајќи“ ѝ на авиоиндустријата.google

Еман вели дека на „Гугл“ му биле потребни пет години да ја стигне целта поставена во 2012 година, бидејќи било комплицирано да се преговара за набавување на ваквата енергија.

„Сложено е, не е за секого. Помалите компании ќе се измачуваат со документите. Купуваме струја од повеќе различни јурисдикции, па не може едноставно да се копираат договорите“, додава Оман.

Испрати коментар

Scroll To Top