Насловна / Вести / Греењето, покрај сообраќајот и малите индустрии е еден од најголемите причинители за загадувањето

Греењето, покрај сообраќајот и малите индустрии е еден од најголемите причинители за загадувањето

Најголем загадувач на воздухот е греењето со кое се затоплуваат домовите, покажал извештајот на интересорската работна група составена од државни органи и невладини здруженија. Владиниот портпарол Бошњаковски информираше дека се донесени сет мерки. Враќање на исклучените граѓани од системот за парно греење, инвеститорите ќе треба да приложат проект за начинот на затоплување на објектот. Во транспортот субвенции за електрични и хибридни возила, набавка на еколошки автобуси.skopje-zagaduvanje

И екологистите се согласни дека греењето, покрај сообраќајот и малите индустрии е еден од најголемите причинители за загадувањето. Тоа велат е социјален проблем затоа што граѓаните сами бираат на што ќе се греат. Решението го гледаат во гасификацијата и обновливите извори на топлинска енергија.

Како дел од мерките на Владата се предвидува и стимулирање за велосипеди и компании што третираат отпад, категоризација на возила, поголеми површини на зеленило, контрола при градба. Се планира да се постават и две нови мерни станици во Гостивар и Струмица, ќе има позасилени контроли на индустриските капацитети.

Во буџетот има посебна ставка за борба со аерозагадувањето. Со низа мерки ќе биде опфатена и РЕК Битола, а се предвидува и отворање на еко училници.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top