Насловна / Вести / Грција побара помош од EУ за гаснење на пожарите

Грција побара помош од EУ за гаснење на пожарите

Грчките власти побараа од државите – членки на Европската унија да им позајмат авиони и хеликоптери за гаснење на пожарите, откако пожарникарите веќе трет ден се борат против огнената стихија северно од Атина.

Противпожарната служба наведе дека 60 пожарникари се испратени од Кипар за да и помогнат на Грција во гаснењето пожари.POZAR

Околу 400 грчки пожарникари и војници со поддршка на Канадери и десетина противпожарни камиони се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар меѓу местата Варнавас и Каламос, околу 45 километри северно од Атина.

Засега никој не е повреден во пожарот, но најмалку 20 куќи се оштетени.

Грчките пожарникари се борат и со пожарите на Пелопонез и на островот Закинтос.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top