Насловна / Архитектура / Грчка резиденција која гарантира идиличен одмор

Грчка резиденција која гарантира идиличен одмор

Ако синоним за одмор ви е оддалечена локација во природа, а притоа сакате да спиете во удобен кревет и да имате пристап до струја, вода и сето она што одморот ќе ви го направи полесен, тогаш ова резиденција е идеална за вас. Rocksplit House е резултат на соработката помеѓу младо семејство и искусното архитектонско студио Cometa. Ова семејство ги поставило насоките, а архитектите имале мошне креативна слобода. комета грција (8)

Бидејќи куќата се наоѓа на грчкиот остров Кеа, и тоа на стрмен планински предел, проектот требало да биде направен да не го нарушува изгледот на животната средина, но, исто така, требало внимателно да се обрне внимание на начинот на градба која ќе ја гарантира стабилноста на објектот.

комета грција (7) Од таа причина, за начин на изградба е избран традиционалниот метод kotounto. Резиденцијата е направена од камен, а ентериерот е направен од природни материјали како дрво.комета грција (6)

Минималистичкиот стил преовладува и во ентериерот и во екстериерот, па додека екстериерот се вклопува во ридскиот пејзаж и речиси се спојува со него, ентериерот донесува лесни нијанси во бела боја, каде сите ќе се чувствуваат опуштено.комета грција (4) комета грција (3) комета грција (5) комета грција (2) комета грција (1) шпанија куќа_6 шпанија куќа_5 шпанија куќа_2 шпанија куќа_4 шпанија куќа_3 шпанија куќа_1

Испрати коментар

Scroll To Top