Насловна / Вести / Градот Скопје изрече четири казни за палење отпад

Градот Скопје изрече четири казни за палење отпад

Како што пишува Макфакс, во текот на изминатиот месец, инспекторите на Град Скопје при вршење контрола на терен изрекле четири казни за палење отпад, од кои две се изречени на физички лица, а две на правни лица. Во рамките на мерката за огнови на отворено (193) Градот Скопје и превентивно дејствува со изрекување опомени за палење на отворено.palenje-otpad-701x526
Инспекторите моментално се излезени на терен и вршат вонредни и зачестени контроли, а последниот извештај вели дека засега нема казнети, бидејќи не констатирале отстапување од пропишаните услови.

Вчера градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ги најави итните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и притоа главната мерка која ја спроведува е повторното воведување на бесплатниот јавен превоз во автобусите на ЈСП и приватните превозници, а најави и позасилена контрола над субјектите коишто имаат Б интегрирани еколошки дозволи.

Инспекциските служби на Град Скопје во текот на 2016 година извршиле по 2 контроли на сите 29 инсталации регистрирани во Скопје, односно вкупно 58 контроли во месеците ноември и декември, и по извршените контроли се констатирани неправилности кај 1 фирма на којашто и е изречена казна.

Во текот на 2017 година во истиот временски период (ноември-декември) надлежните инспекциски служби на Град Скопје, исто така, извршиле по 2 контроли на сите 31 инсталации во Скопје, односно вкупно 62 контроли и констатирале дека сите фирми ги задоволуваат законски пропишаните услови.

Градот Скопје во текот на 2017 година има одобрено 500 елаборати и извршено 94 контроли за периодот ноември-декември, односно се извршени контроли на сите фирми коишто имаат емисии во воздухот при производниот процесот и не се евидентирани неправилности при нивното работење.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top