Насловна / Вести / Градежниците очекуваат повеќе работа

Градежниците очекуваат повеќе работа

Gradezni raboti

Очекувањата за вкупните порачки за градежни работи во второто тримесечје се поповолни во споредба со претходното тримесечје, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во наредните три месеци се очекува и зголемување на бројот на вработени.

Оценката за економската состојба во второто тримесечје е поповолна во однос на првото тримесечје, а поповолна и во однос на второто тримесечје минатата година. Поповолна е и оценката за финансиската состојба во споредба со првото тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во второто тримесечје од годинава се над нормалата.

- Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22.9%, нема побарувачка со 16.0%, нема ограничувања со 15.1% и зголемени финансиски трошоци со 11.3 %, се посочува во соопштението од Државниот завод за статистика.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top