Насловна / Вести / Голем скок на цените на новоградбите во Србија

Голем скок на цените на новоградбите во Србија

Srbija novograbi

Побарувачката и поволните станбени кредити ја кренаа цената на квадратот во новоградбите во Србија, пишува српски „Блиц“.

Цените на новите станови во Србија бележат пораст и тоа од 10 до 20 насто. Според податоците на сајтот „Недвижности“, просечната цена на новоизграден стан во Србија (без Белград) пораснала за 28.000 евра ( во 2016 година огласен стан во просек чинел 49.433, а во 2017 година таа цена е 67.700 евра). Во Белград цената на просечен стан кој се нуди на оглас е порасната за малку повеќе од 10.000 евра (од 65.568 во 2016 на 78.387 евра во 2017). Сепак во зависност од делот на Србија, квадратен метар во новоградба може да се плати од 500 евра, колку што чини на периферија во Ниш, па до над 3.000 евра колку што е цената на Дедиње во Белград.

Купувачите се водат од логиката, зошто да купуваат половен или стар стан, каде што ќе мора да вложат пари, а поради новиот закон тоа ќе мора да го направат и за старите фасади, па се одлучуваат за новоградба.

Инаку за 17 години просечната цена на станови во Белград е зголемена за четири пати. Па така во 2000 година стан во новоизградена зграда во просек можеше да се купи за 50.374 динари за квадрат, додека денес таа цена е 228.684 динари.

Испрати коментар

Scroll To Top