Насловна / Екологија / ГМО соја во Војводина

ГМО соја во Војводина

colheita-de-soja-2012
Плодните ораници на Мачва погодни за одгледување на органска храна и понатаму на мапата на српското Министерство за земјоделство се означени како „црна точка“ бидејќи таму веќе со години се одгледува ГМО соја. Тоа неодамна го потврдиле и инспекторите во текот на извршените контроли.

„Кон крајот на јуни ние направивме контрола на околу 300 парцели и со брза метода на протеински тест ленти утврдивме присуство на ГМО соја на 24 парцели“, вели Спасојевиќ, шеф на фитосанитарната инспекција.

Под ГМО соја пронајдени се вкупно 10,5 хектари. Против производителите инспекцијата поднела прекршочни пријави и наложено е орање на парцелите. Иако во Мачва се избегнува разговор на оваа тема, јавна тајна е дека со одгледување на ГМО соја се занимаваат ситни производители, на парцели опкружени со пченка до кои тешко се доаѓа.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top