Насловна / Архитектура / Главниот кристал на Менхетен

Главниот кристал на Менхетен

Завршена е главната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк. Автори на проектот: Проектно биро – Skidmore, Owings & Merill

176609  Кулата на Светскиот трговски центар треба да биде главен објект во комплексот замислен од авторот на генералниот план Даниел Либескинд. Се разбира, со рушењето на кулите близначки од 11 септември 2001 год., овој проект доби дополнително политичко но и психолошко значење.  176608  176603 176604

Објектот Број 1 доби име „Кула на слободата“, со симболична висина oд 1176 фита (541 м), во чест на 1776 год. – кога е донесена Декларацијата за независност на САД. 176607176601176605

Кулата е највисока во САД , а четврта во светот, со 104 етажа. На 325.500 м2 вкупна површина, покрај канцелариски содржини има сè друго за еден таков комплексен објект, до набљудувачница при врвот, која ќе се отвори во 2015 год.  Планот на кулата од квадратна во основата, се трансформира во осмоаголна на повисоките катови, за да најгоре заврши повторно во квадратна. И покрај атрактивноста на објектот и неговата местоположба, во центарот на светскиот бизнис сè уште се слободни над 40% од понудените површини за издавање.176616176615176613176614176617176602

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top