Насловна / Вести / Гитара на Боб Дилан продадена за речиси 400 илјади долари

Гитара на Боб Дилан продадена за речиси 400 илјади долари

Гитара на легендарниот Боб Дилан со која што тој свирел во седумдесетите години од минатиот век беше продадена за 396 илјади долари на аукција.

Акустичната гитара „Мартин Д-28“ која што била изработена во 1963 година беше продадена од страна на Лери Крег, кој што соработуваше со Дилан и беше задолжен за неговите гитари.gitara-bob-dilan

Според договорот за купопродажба, Крег ја откупил гитарата од Дилан за само 500 долари во 1977 година.

Ова сепак не е најскапата гитара на Боб Дилан некогаш продадени, бидејќи неговата „Фендер Стратокастер“ со која што настапил на Фестивалот во Њупорт во 1965 година, беше продадена за речиси еден милион долари во 2013.

Испрати коментар

Scroll To Top