Насловна / Архитектура / Футуристичка кула во Африка – фарма, пазар и образовен центар

Футуристичка кула во Африка – фарма, пазар и образовен центар

Полските дизајнери Pawel Lipinski и Mateusz Frankowski осмислиле висока концептуална градба која ќе биде лоцирана во субсахарска Африка и која ќе има за цел да придонесе  во борбата против гладот и сиромаштијата. Кулата наречена Mashambas („ораница“ на свахили јазикот) освоила прво место на натпреварот eVolo во кој секоја година учествуваат архитекти и дизајнери со своите футуристички замисли. Оваа модуларна зграда ќе служи како фарма, пазар и едукативен центар и ќе зафаќа релативно мал простор.2

„Објектот ќе им биде од голема корист на земјоделците бидејќи ќе им овозможи образование, обука за земјоделските техники, алатки и ѓубрива и сл. Освен тоа, зградата ќе служи како локален пазар со што прифитот од продажбата на жетвата ќе биде максимален“, порачуваат авторите на овој концепт. Кулата ќе биде изградена од едноставни елементи, што овозможува лесна монтажа и демонтажа. Кога веќе нема да и биде потребен на локалната заедница, односно кога веќе ја има завршено својата мисија, објектот лесно може да биде демонтиран и преместен на друга локација.

1
Натпреварот eVolo Skyscraper Competition се одржува од 2006 година и ги наградува визионерските дизајни кои опфаќаат технологија, материјали, програми, естетика и организација на просторот. Жирито особено ги цени проектите што го менуваат начинот на кој ја доживуваме вертикалната архитектура и нејзиниот однос со природата.3

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top