Насловна / Вести / Франција во 2040 година престанува да продава возила на бензин и дизел

Франција во 2040 година престанува да продава возила на бензин и дизел

Франција има намера до 2040 година да ја запре продажбата на возила на бензин и дизел и да стане јаглеродно неутрална десет години подоцна, рече министерот за екологија Николас Хуло во четврток, на претставување на мерките со кои би се одржало темпото на Парискиот климатски договор.electrique

Францускиот претседател Емануел Макрон сака да ја поттикне имплементацијата на договорот за борба против климатските промени откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од договорот постигнат во францускиот главен град во 2015 година.

Возилата на бензин и дизел претставуваат околу 95,2 отсто од францускиот возен парк, додека електричните возила држат 1,2 отсто од пазарот, додека хибридните околу 3,5 отсто.

Хуло го наведе примерот на Волво, кој од 2019 година има намера сите нови модели да ги произведува во електрична варијанта и Индија која до 2030 сака сиот возен парк да и биде на електричен погон.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top