Насловна / Екологија / Франција ја забранува употребата на пластични кеси од 2016 година

Франција ја забранува употребата на пластични кеси од 2016 година

US-RETAIL-WALMART-OPENING
Дистрибутерите и малопродажните ланци за овошје и зеленчук во Франција, се побунија против одлуката на Владата за целосна забрана на употребата на пластични кеси за еднократна употреба од 1 јануари 2016-та. Тие сметаат дека со оваа одлука ќе дојде до зголемување на цената на овошјето и зеленчукот, што трговците ќе ги чини околу 300 милиони евра.

Во ноември минатата година, Европската комисија побара од членките на ЕУ намалување на употребата на пластичните кеси, но не прецизираше на кој начин. Владата на Франција, одлуката за забрана на користењето на пластични кеси ја усвои во јуни оваа година во рамките на изработката на нацрт-законот за енергетска транзиција. Оваа одлука не се однесува на пластичните кеси подебели од 50 микрони, ниту на биоразградливите кеси.

Испрати коментар

Scroll To Top