Насловна / Вести / Форум за Југоисточниот регион: „Рудници да или не?“

Форум за Југоисточниот регион: „Рудници да или не?“

Цивика мобилитас го најавува форумот за Југоисточниот регион „Рудници: да или не?“, кој ќе се одржи на на 5-ти декември во Домот на армијата во Струмица.

Дискусијата ќе се фокусира на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници. Иницијативите против рудници на југоистокот досега реализираа шест референдуми, од кои три успешни и три неуспешни. Тие тврдат дека доколку најавените компании добијат концесии за отворање на рудници, рудата ќе се вади со помош на експлозив и тешка механизација, а во процесирањето на рудата ќе биде користен цијанид кој е исклучително опасен за за дравјето на луѓето. Сето ова ќе води кон нарушување на релјефот и загуба на шумите, што ќе значи комплетна промена на климата на ова подрачје. Од друга страна, се верува дека рудниците се надеж за невработените од Југоисточниот регион како и можност за менување на структурата на стопанството која досега беше претежно текстилна и дрвопреработувачка.

Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество во Македонија, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација.

rudnici forum 1

Испрати коментар

Scroll To Top