Насловна / Вести / Форум за „Го сакам ГТЦ“

Форум за „Го сакам ГТЦ“

gtc forum (3)

Вечерва, со почеток во 19 часот, граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ организира форум на кој ќе се зборува за културните, општествените и архитектонските вредности на Градскиот трговски центар и потребата тој да биде зачуван во неговиот автентичен изглед.

Овој јавен настан е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“ која има цел да ги мотивира граѓаните во општина Центар да излезат на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 26 април и на кој граѓаните од Центар ќе одлучуваат за изгледот на ГТЦ.

Свое излагање на Форумот ќе имаат:

Даница Павловска – архитект
Панда Зографска – архитект
Донка Барџиева Трајковска – историчарка на уметност
Драган Поповски – карикатурист
Јовица Ивановски – поет
Софија Гошева – жителка на Центар

gtc forum (2)

Форумот ќе се одржи во паркот Жена – casino online Борец кај споменикот на Славко Јаневски со почеток во 19 часот. Тој ќе биде од отворен карактер и на него можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

 ГТЦ Форум е eден од серијата настани во рамките на референдумот за заштита на Градскиот трговски центар од предлог проектот за нова фасада и негова доградба со која целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро.gtc forum

Еден коментар

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top