Насловна / Вести / Филтер станицата во Штип ќе добие соларни панели и ќе заштеди 2.5 милиони денари месечно

Филтер станицата во Штип ќе добие соларни панели и ќе заштеди 2.5 милиони денари месечно

Штипското комунално претпријатие „Исар“ ќе штеди електрична енергија со поставување на сончеви панели во Филтер станицата, која е и најголемиот потрошувач на струја за производство и дистрибуција на водата до домаќинствата.paneli-iar

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев, истакна дека проектот е доставен до Советот на општина Штип и се бара од советниците одобрение за поставување на сончевите панели за производството на електрична енергија за потребите на Филтер станицата:

– Веднаш по добивањето на одлуката од Советот на општина Штип почнуваме со тендерската постапка за поставување на панелите, кои се вредни некаде околу еден милион евра. Целата постапка се очекува да заврши некаде за околу три месеци, за отпочнување на инсталирање на овие панели – вели Бојаџиев.angel-bojadzoev-isar sonja-longurova-isar штип

Тој забележа дека проектот – инсталирање на сончеви панели на Филтер станицата е економски исплатлив, бидејќи во моментов ЈП „Исар“ на ЕВН за потрошена електрична енергија им плаќа месечна фактура од 2.5 милиони денари. Со поставувањето на сончевите панели штипското комунално претпријатие ќе ги заштеди овие пари за електрична енергија:

– Според пресметките на претпријатието, неплаќањето на сметки кон ЕВН ќе ја покрие инвестицијата за панелите за околу 25 месеци. Сите средства потоа, наместо за струја, „Исар“ ќе ги реинвестира во подобрување на условите за живот на граѓаните.

Инаку Штипски „Исар“ веќе ја адаптираше и филтер станицата за прифаќање на површински води, со што истата е опремена комплетно и Штип го реши проблемот со вода за следните 50-70 години.

Испрати коментар

Scroll To Top