Насловна / Архитектура / Феноменален проект на семејна куќа во Загреб

Феноменален проект на семејна куќа во Загреб

Уште еден импресивен проект со препознатлив потпис на хрватското архитектонско студио Lotus Architecti. Овој пат се работи за проектот за семејна куќа над Загреб. Модерна вила која може да се пофали со спектакуларен поглед на градот, но исто така и со прекрасен базен. Покрај тоа што има два ката, куќата воглавно е „обвиткана“ со стаклени ѕидови, што е и очекуван потег, бидејќи се наоѓа изолирано, а во исто време придонесуваат за поголема количина на природна светлина во ентериерот.куќа во загреб лотус (7)

И додека долниот кат е наменет за семејно и пријателско дружење, каде што се дневната соба, трпезаријата и кујната со продолжен тракт на терасата со базен, горниот кат е оној интимниот со спални соби. Ова е проект во кој во потполност се водело сметка за самата градина и околината, со што е добиено една компактна целина. Инвеститорите барале модерен минимализам со акцент на доза на луксуз и го добиле. куќа во загреб лотус (1)

Во секој случај, проектот е навистина импресивен, и за ова се заслужни двете дами, дизајнерскиот архитектонски тим составен од Маја Бручиќ и Ивана Позаиќ, под заедничко име Lotus Architecti.куќа во загреб лотус (2) куќа во загреб лотус (3) куќа во загреб лотус (4) куќа во загреб лотус (5) куќа во загреб лотус (6) куќа во загреб лотус (8) куќа во загреб лотус (9) куќа карпа (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top