Насловна / Вести / Фејсбук планира да ги отстрани лозинките, но не е јасно како ќе се најавуваме

Фејсбук планира да ги отстрани лозинките, но не е јасно како ќе се најавуваме

Сервисот Delegated Account Recovery моментално во затворена бета фаза на развој, е осмислен така да овозможи замена на лозинките за пристап на разни сервиси на онлајн корисниците со име и лозинка кои се користат за пристап на Фејсбук.password

Поточно, Фејсбук би требало да го замени е-маилот и телефонскиот број со потврдување на идентитетот со двостепена проверка. Во Фејсбук се убедени дека овој систем е посигурен од ресетирање на лозинката преку е-маил и постабилен од користење на телефонски број. Но сѐ уште не е откриено како ќе се ресетира Фејсбук без е-пошта и телефонски број.

За да се намали злоупотребата ќе бидат поставени заштитни мерки како што се ограничување на бројот на услуги со кои може да се обнови пристапот одеднаш, како и аларми за сомнителни активности.

Испрати коментар

Scroll To Top