Насловна / Вести / Европската граѓанска иницијатива против пестицидот глифосат собра милион потписи

Европската граѓанска иницијатива против пестицидот глифосат собра милион потписи

Европската граѓанска иницијатива покрената на почетокот на февруари годинава, ги собра потребните еден милион потписи на граѓаните од Европската Унија, и ја повикуваат Европската комисија да предложи забрана на  употребата на глифосат во земјите членки, да спроведе реформа во постапките за одобрување на пестициди, и да утврди квантифицирани обврски за намалување на употребата на пестициди.глусофат_1

Инаку, глифосат е најчесто користена хемикалија во земјоделството која се сретнува кај хербицидите, односно препаратите за уништување на пиреј и други непожелни билки. Во 2014 година искористени се 825.000 тони глифосат, а глобалната продажба на годишно ниво достигнува девет милијарди евра. Освен во земјоделството, се користи и на јавните градски површини, но и приватни градини.
глусофат_3 глусофат_2

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top