Насловна / Вести / ЕУ поддршка за подобрување на управувањето со отпад во источните и североисточните региони

ЕУ поддршка за подобрување на управувањето со отпад во источните и североисточните региони

Денеска во Скопје ќе се одржи завршна церемонија по повод проектот на ЕУ „Подготовка на проекти и тендерска документација за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во источните и североисточните региони“.

На настанот ќе се обратат шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, Јадранка Иванова шеф на одделението на ЕУ при Министерството за животна средина, Ана Каранфилова-Мазневска, шеф на Одделот за управување со отпад при Министерството и лидерот на проектот Антонис Мавропулос.otpad

ЕУ обезбеди 975.000 евра за техничка поддршка за воспоставување интегриран и одржлив систем за управување со отпад во источните и североисточните региони. Главна цел на проектот е да се обезбедат предуслови за идни инвестиции на ЕУ во локалната и регионалната инфраструктура, неопходни за постигнување на еколошко управување со отпад.

Предвидените инвестиции од приближно 27 милиони евра ќе овозможат на 18 општини во источните и североисточните региони да ги модернизираат системите за управување со отпад, овозможувајќи подобрување на еколошката средина на 370.900 жители.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top