Насловна / Арт и дизајн / Теракотни икони од Виница на светска изложба во Англија

Теракотни икони од Виница на светска изложба во Англија

Девет теракотни релјефни икони од Виница ќе учествуваат на светската изложба „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ која ќе биде отворена во музејот Ашмолијан на Универзитетот во Оксфорд.

Тие се уникатен споменичен вид и дел од една од најрепрезентативните збирки на Археолошкиот музеј на Македонија. Збирката била многупати претставувана во многу музеи во светот.terakota

Теракотните икони се откриени во раните 1980-ти години при археолошките ископувања на локалитетот Кале кај Виница. Релјефните плочи биле предмет на проучувања и претставување од наши истражувачи, кои до денес успеаја да ги идентификуваат во нивниот полн дијапазон и од сите верски, историски и културни аспекти, со оглед на специфичната формулација на нивниот иконографски и верски концепт.

– Нашето учество на оваа светска изложба, според нејзиниот споменичен, уметнички, верски и интелектуален потенцијал, е значаен придонес за афирмацијата на македонското културно наследство, а особено фактот дека тие ќе бидат претставени во најстариот универзитетски музеј на светот – Ашмолијан во Оксфорд, соопшти Археолошкиот музеј на Македонија.

Изложбата „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ во оксфордскиот музеј ќе биде отворена за посетители од 19 октомври до 18 февруари 2018 година.

Испрати коментар

Scroll To Top