Насловна / Архитектура / Епицентар на земјотрес претворен во Меморијален центар

Епицентар на земјотрес претворен во Меморијален центар

На местото на епицентарот на еден од најкатастрофалните земјотреси во модерната историја на Кина, изграден е Меморијален музеј во чест на сите оние што ги загубија своите животи во оваа катастрофа.

Кинеската влада го избра Архитектонскиот факултет при Универзитетот Тонџи, на чело со архитектот Чаи Јонџи, да го изработат проектот на овој меморијален музеј.меморијален музеј (1)

Во земјотресот што се случи во 2008 година починаа 70.000 жртви, а 18.000 луѓе се уште се водат за исчезнати, пишува Designboom.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Венчуан, каде сега како дел од пејзажот е вграден Меморијалниот музеј.меморијален музеј (2)

Големиот подземен објект на музејот целосно е прекриен со зеленило и околината.

Процепите што ги откриваат ѕидовите на музејот, им овозможуваат движење на посетителите меѓу објектите на музејот. Има и мали плоштади, каде што може да се седи, а внатре во музејот се организирани атриуми со засадени дрвја.меморијален музеј (5)

Планирано е зеленилото со време да се развива и да го менува изгледот на комплексот на овој импресивен Меморијален музеј.

Меморијален музеј зрачи со мир и спокојство, но во исто време драматично потсетува на несреќата од 2008 година.меморијален музеј (3) меморијален музеј (7) меморијален музеј (6) меморијален музеј (4)

Испрати коментар

Scroll To Top