Насловна / Ентериери / Ентони Кидис ја продава својата вила за 4,3 милиони долари

Ентони Кидис ја продава својата вила за 4,3 милиони долари

ентони кидис продава вила (6)

Фронтменот на „Ред Хот Чили Пејперс“ Ентони Кидис, ја продава својата вила на „Сансет Стрип“ во Холивуд Хилс  за 4,3 милиони долари.

ентони кидис продава вила (8)

Изградена во 1940 година, оваа вила во европски стил е една од ретките резиденции од овој тип во Холивуд Хилс. Драматичната дневна соба со таванот со висина од над четири метри, и француски врати со поглед на светлата на Лос Анџелес, се само некои од карактеристиките на овој дом.ентони кидис продава вила (7)

Од формалната трпезарија, високите лакови на плафонот водат до иста таква која се наоѓа на терасата. Веднаш покрај терасата се сместени базен и бујна градина.

Инаку, Ентони Кидис е познат како голем љубител на градини и природа, а неодамна учествувал во кампањата за промовирање на заштита на азиските црни мечки.ентони кидис продава вила (5)

Кујната е комплетно реновирана, а одговорното лице за нејзиниот нов изглед е познатиот дизајнер на ентериери Валдо Фернандес, кој е одговорен за украсување на домови на многу јавни личности.

ентони кидис продава вила (4)

До кујната е исто така, мала тивка библиотека со високи тавани, како совршено место за одмор.ентони кидис продава вила (3)

Ентони Кидис ја купил куќата во 2013 година, за 3,65 милиони долари, но во моментов е во потрага по подобра локација, и затоа го продава овој и за холивудски прилики драгоцен имот. Во исто време, тој веќе е сопственик на недвижен имот во Лас Вегас, Малибу, Хаваи, како и во Мичиген, каде што живеел како момче.ентони кидис продава вила (2) ентони кидис продава вила (2) ентони кидис продава вила ентони кидис продава вила

Испрати коментар

Scroll To Top