Насловна / Ентериери / Ентериер во Виена според рецепт на словенечки архитекти

Ентериер во Виена според рецепт на словенечки архитекти

Проектантското биро „Комбинат“ од Љубљана, доби задача стан во зграда од почетокот на дваесеттиот век, со високи тавани и пространи соби, да биде преуреден во дом за еден млад брачен пар кој сака модерен, светол и удобен стан.viena-stan-5

Решението за адаптација на стариот стан од 96 квадратни метри, за почеток, значело да срушат два преградни ѕидови со што станот не само што станал попростран, туку добил и нови функции и комуникација. Добиена е голема дневна соба со кујна и голема трпезариска маса, која одлично може да послужи за забава.viena-stan-6

Иако се менувани доста работи, со процесот на реновирање задржани се препорачаните ориентации на просториите во станот: дневната соба е свртена кон бучната улица, а спалната соба е позиционирана кон тивкото двориште.viena-stan-4

Карактерот на станот, а и на сопствениците, изразен е веднаш во пространиот влезен ходник со велосипедите што висат на ѕидовите. Тие не се само основно средство за превоз на сопствениците на станот туку го одразуваат и нивниот урбан дух.viena-stan-3 viena-stan-2

Мирниот дел на станот е одвоен од остатокот со т.н. walk-in плакар.viena-stan-9 viena-stan-8

Со спалната соба доминира сино кадифената боја со интересни детали.viena-stan-7

Самостоечката када, ретро белите плочки и дрвениот мебел се фокусна точка на реновираното купатило.viena-stan-10 viena-stan-11 viena-stan-12

Испрати коментар

Scroll To Top