Насловна / Ентериери / Ентериер од картонски цевки за продавницата на Aesop

Ентериер од картонски цевки за продавницата на Aesop

1

Австралијанската луксузна компанија за нега на кожата Aesop, ангажира многу интернационални компании за ентериерниот дизајн на нивните продавници распоредени низ светот. На тој список се приклучуваат и Brooks+Scarpa со дизајнот на ентериерот на “Aesop DTLA”, најголемата продавница на брендот до денес.

3

Продавницата се наоѓа на приземјето од источно колумбиската зграда изградена во 1929 година во познатата историска театарска област во Лос Анџелес, во непосредна близина на Театарот Orpheum.

4

Оваа фирма со седиште во Калифорнија предвидува простор за дополнување на културата на соседството. Тие искористуваат картонски цевки со пречник од 6 инчи(15.2 cm) во изградбата на деловите од ентериерот како и мебелот во него, со топли, неутрални палети од рециклиран картон,  продукти во vintage стил и внимателно задржување на природните бетонски подови од 1929 година.

2

Генерално, во центарот на градот Лос Анџелес, продавницата Aesop може да се пофали со атмосфера полна удобност и смиреност, додека низ излогот ги лови раздвижените видици од динамичната улица.

5 6 7

Испрати коментар

Scroll To Top