Насловна / Вести / Енергетско моделирање во рамките на климатските промени и КОП 21

Енергетско моделирање во рамките на климатските промени и КОП 21

Во вторник, 6 октомври 2015, организациите Аналитика, Еко-свест и Фронт 21/42 во ЕУ Инфо Центарот (бул. Св. Кирил и Методиј 52-б) во Скопје ќе одржат конференција насловена Енергетско моделирање во рамките на климатските промени и КОП 21. Настанот е предвидено да биде дискусионен панел каде  ќе се презентира работата на енергетскиот модел наречен 2050 Калкулатор.logo

Моделот се развиваше паралелно за 7 земји од регионот (Македонија, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Хрватска) и ги покрива и побарувачката и понудата на енергија. На конференцијата ќе биде презентиран процесот на пополнување на моделот со податоци, како и финалните резултати за тоа како Македонија да дојде до 78% намалување на емисиите до 2050 година.
Моделот кој ќе биде презентиран е алатка наменета како внес на податоци при донесувањето на одлуки и политики во врска со енергетскиот сектор и дава препораки во однос на разгледуваните сектори на неколку нивоа.
Понтаму говорници ќе бидат и претставниците на македонските и меѓународните институции, од МАНУ, Министерството за животна средина и од Рамковната конвенција за климатски промени на ОН. Темите кои ќе бидат разговарани се климатските промени и што се прави во Македонија за нивно ублажување.
Од досегашната работа на моделот, по анализата на 4 сектора: транспорт, згради (домаќинства, јавни и комерцијални згради), индустрија (феролегури, челик и цементна идустрија) и производство на електрична енергија, можат да се извлечат следниве заклучоци:
●       Во Македонија со значително вложување и напор е возможно да се постигне намалување на емисиите на национално ниво од дури 78%!
●       Македонија може да обезбеди стабилна енергетска иднина и без изградба на нови термоцентрали на јаглен, со реновирање на старите, и инвестирање во чисти, обновливи извори на енергија.
●       Моделот предвидува дека е можно искористување на 50% од техничкиот капацитет што Македоникја го има кај соларната енергија и со тоа да изгради капацитети од 2.59 GW (гигават/час) до 2050 година.
●       Горливиот проблем на греењето во домаќинствата може да се реши така што: како главни технологии се предвидуваат топлинските пупми од една страна и когенеративни постројки на природен гас и биомаса и бојлери на биомаса и природен гас од друга страна. До 2050 целосно се отфрла греењето на нафта и јаглен и скоро целосно греењето на струја (resistive heating). Понудените опции за греење се групирани во 4 подгрупи – висока, умерена, ниска и многу ниска електрификација. Опцијата со топлински пумпи (односно опција со висока електрификација) предвидува 90% од греењето да е покриено со топлински пумпи до 2050, а останатите 10% се биомаса. Опцијата пак со когенерација (опција со многу ниска електрификација) предвидува до 2050 да доминира искористувањето на биомаса (до околу 45% од потребите за греење) во когенетаривни постројки на биомаса и бојлери на биомаса, топлинските пумпи да покриваат 20%, а има и болјери и когенерација на природен гас со околу 33%.енергѕ
●       Кај транспортот, се предвидува раст, меѓутоа со промена на политиките и свеста кај граѓаните се предвидува промена во модалитетите кои се користат и тоа: процентот на пешачање и возење велосипеди расте до 8% од вкупните патнички километри во споредба со базната година (2010). Употребата на автобуси се зголемува до 47%, на железницата 8%, додека пак процентот на вкупните поминати патнички километри кај автомобилите паѓа на 37%.
Овој настан е дел од регионалниот проект СЕЕ СЕП.
Цели на овој проект се:
•       Создавање на алтернативна политика за одржлива енергија за ЈИЕ преку креирање на енергетски модели и сценарија со користење на специфични алатки со цел да се дополнат и подобрат веќе постоечките документи;
•       Подигнување на свеста за влијанијата на тековните енергетски политики во споредба со алтернативните, ниско-јаглеродни одржливи политики врз сегашните и идните граѓани преку стратешко застапување и набљудување;
•       Обезбедување на висок квалитет на спроведените истражувања преку навремени консултации со сите чинители – граѓани, експерти и институции  со цел да се поттикне дијалогот помеѓу владините институции, граѓанското општество и деловниот сектор.

Испрати коментар

Scroll To Top