Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Енергетски ефикасна куќа со целосно застаклен ѕид

Енергетски ефикасна куќа со целосно застаклен ѕид

energetski zastaklen zid

Архитектот Barend Kolhas од бирото BK проектирал енергетски ефикасна куќа во Алмен, Холандија, со необичен триаголен концепт. Куќата е наречена по истоименото холандско село во кое е лоцирана, а проектирана е околу долг прозорец од подот до покривот, кој ги замаглува границите помеѓу внатрешноста и надворешноста. Овој стаклен ѕид не само што ја преплавува куќата со изобилство од природна светлина, туку пружа и прекрасен поглед кон чистите рурални предели.

energetski zastaklen zid (5)

Barend Kolhas работел за архитектонските бироа OMA и IDEO, пред да основа свое сопствено биро во Амстердам. Куќата во Алмен е проектирана околу еден од трите надворешни ѕида, кој е изработен во целост од стаклени панели. Главната спална соба на катот има бања која е вовлечена под косината на покривот, додека големиот надворешен светларник пружа погледи кон крошните на дрвјата. Иако овој дом е изграден со скромен буџет, тој успева да постигне високо ниво на енергетска ефикасност благодарение на извонредната изолација и применета рекуперација на отпадна топлина.

energetski zastaklen zid (3) energetski zastaklen zid (2)energetski zastaklen zid (4)

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top