Насловна / Вести / Екстремните климатски промени можат да бидат причина за 150.000 смртни случаи годишно

Екстремните климатски промени можат да бидат причина за 150.000 смртни случаи годишно

Ekstremnite temperaturi opasni1

Ако итно не запре глобалното загревање, и не се превземат соодветни мерки, до крајот на векот околу 350 милиони жители на Европа секоја година ќе бидат изложени на штетните климатски екстреми. Екстремните временски прилики би предизвикале смрт на 152.000 луѓе годишно, само во Европа, што е 50 пати повеќе од сегашната бројка, “ тврдат авторите на студијата објавена во реномираното научно списание  „Lancet Planetary Health“. BBC наведува дека 99% од смртните случаи би биле предизвикани од топлотни бранови, а најтешко би била погодена јужна Европа. Научниците велат дека овие резултати се многу загрижувачки. Во извештајот пак, од истражувачкиот центар на Европската Комисија се вели дека „бројот на смртни случаи предизвикани од климата ќе се зголеми од 3000 годишно во периодот 1981-2010, на дури 152.000 во периодот 2071-2100“.

Ekstremnite temperaturi opasni

Истовремено, ќе расте и бројот на жртви во поплави, и тоа од шест годишно на почетокот на векот до 233 на крајот од овој век, односно во 2100 година.

Од друга страна пак, експерти од националниот универзитет во Сеул, Јужна Кореја, предупредуваат дека овие заклучоци се „можеби малку преценети“, укажувајќи дека денес, а и во иднина луѓето ќе стануваат поотпорни на климатските промени имајќи го во предвид напредокот на медицината, техниките на климатизација и сл.

Сепак, сите се согласни дека ублажувањето на климатските промени бара итни мерки на глобално ниво.

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top