Насловна / Вести / „Еко-живот“ со акција за обезбедување соларни колектори за ранливи категории

„Еко-живот“ со акција за обезбедување соларни колектори за ранливи категории

 

Еколошкото друштво „Еко-живот“ од Кавадарци покрена акција за обезбедување соларни колектори за топла вода за социјално ранливи домаќинства, информира денеска за МИА претседателот Роберто Паризов.

Тој појаснува дека колекторите ќе бидат наменети за семејства кои немаат поголеми месечни примања од 25.000 денари или социјално ранливи категории на домаќинства. Веќе е објавен повик на кој можат да се пријават сите заинтересирани, кои ги исполнуваат условите.

„Соларните колектори, дваесетина на број, ќе ги доделуваме по принципот прв пријавен – прв услужен, до исполнување на буџетот. Очекуваме и дополнителни средства за зголемување на бројот на соларни панели. Панелите ги набавуваме ние, а нивната монтажа ја плаќаат семејствата“, соопшти Паризов.

Право на аплицирање ќе имаат и правни лица од рурални средини, но и капацитети за сместување на ученици, како интернати и слично.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top