Насловна / Ентериери / Eклектичниот пентхаус на Џони Деп на продажба

Eклектичниот пентхаус на Џони Деп на продажба

Станот на познатиот актер во вредност од 11.33 милиони евра, е ставен на продажба. Има ли заинтересирани?

Во центарот на Лос Анџелес, на самиот врв на зградата Eastern Columbia, пентхаусот на холивудската ѕвезда Џони Деп се протега на повеќе од 1.070 квадратни метри.penthaus-dzhoni-dep_5

Станот е организиран така што содржи девет спални и четиринаесет бањи, а тука се и простори наменети за забава и релаксација.

Целиот простор, со кој доминираат силни бои, го исполнуваат многу уметнички дела и графики, пишува Designboom.penthaus-dzhoni-dep_4

Ѕид кој се наоѓа спроти трпезаријата го краси мурал на бразилскиот уметник OSGEMEOS и претставува примарна декорација во овој дел од станот.

penthaus-dzhoni-dep_3

Kevin Dees од Partners Trust, позната агенција за недвижности која го застапува актерот, истакнал дека Џони Деп додаде премини меѓу поранешните три пентхауси за да стане единствен простор.

Во првобитната организација постоеле три засебни простори, од кои два биле уметнички студија, а еден бил станбен простор.penthaus-dzhoni-dep_2 penthaus-dzhoni-dep_1

Испрати коментар

Scroll To Top