Насловна / Екологија / Имаме алтернативни извори на енергија, но немаме проекти

Имаме алтернативни извори на енергија, но немаме проекти

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/ekologija/statija1-130.jpgПроектот „Сончев парк" во Кадино, претставува прв пионерски обид за примена на алтернативните извори на енергија, сонце и ветер, за производство на електрична енергија во Македонија. Спроведен е од македонската фирма „СИЕТО" во два дела: првиот дел беше изградба на првата енергетски независна, еколошка куќа во Македонија, која беше пуштена во работа 2006 година, а вториот дел е изградба на првата фотонапонска постројка чија струја целосно се предава на дистрибутивниот центар на ЕВН.

 

Осумнаесет месеци истражувања му
биле потребни на сопственикот на
иновативната компанија „СИЕТО“,
Ѕвонко Марковски, да го направи
проектот за својата еко-куќа во Кадино.
Објектот што е целосно независен од електро-
дистрибутивната мрежа, е опремен со
ветерна турбина, сончеви колектори и
фотонапонски панели кои ги користат силата
на ветерот и сончевите зраци за сопствено
производство на електрична и топлинска
енергија. Системот произведува струја која
зиме делумно ги задоволува потребите на
семејството Марковски, а лете создава вишок
кој тие го даваат на ЕВН во замена за
„зимската“ струја.
- Во зима системот задоволува 10-40% од
нашите потреби, а недостатокот на енергија го
надополнува од мрежата на ЕВН. Но, вишоците
во лето се огромни. Вишоците одат за ЕВН
преку инвертори кои енергијата ја праќаат во
мрежата и така ја кредитираат ЕВН – вели
Ѕвонко, кој по професија е електроинженер.
Тој во дворот на неговата куќа најпрвин
експериментално инсталирал ветерна турбина
од 400W, фотонапонски соларен панел од 50W
и акумулаторски батерии од 200Ah. Системот
за загревање на топла вода од сонце се
состои од пет колектори со вкупна површина
од 10 метри квадратни кои се насочени кон југ
под агол од 35 степени во однос на
хоризонталната оска. Со примена на најнови
достигнувања во градежништвото од аспект на
термичка изолација, ориентација и
местоположба на куќата во однос на страните
на светот, оваа опрема произведува доволно
количество електрична енергија, подготовка на
санитарна топла вода и греење во пролет и
есен.
- Со години испитував материјали, опрема,
средства и други мерни индикатори, а потоа, врз база на добиените резултати одбрав
најсоодветни градежни материјали и начин како
да ја изградам куќата. На крајот, резултатите од
моето истражување ми го потврдија она што
веќе го знаев: за да се заштеди енергија, мора
да се промени традиционалниот начин на
градење, како и начинот на поставување на
инсталациите во објектот – вели Ѕвонко.

Сончевата централа
како капитална инвестиција

energija.jpgКога 2008 година Регулаторната комисија за
енергетика утврди повластена откупна цена за
струја произведена од фотонапонски панели и
стана возможно да се продава оваа „зелена"
струја, „СИЕТО" одлучил да започне со
реализација на вториот дел од проектот. Тоа
беше изградбата на првата сончева централа
со фотонапонски панели во Македонија.
„Сончев Парк-Кадино" е сончева централа која
е прва од ваков тип во Македонија. Се наоѓа на
истиот плац со еколошката куќа на Марковски,
а официјално е пуштена во работа во јуни 2009
година. Моќноста на централата е 10200Wp.
Инсталирани се вкупно 120 фотонапонски
панели со поединечна моќност од 86Wp. Електричната енергија се произведува со директна
конверзија на сончевото зрачење во електрична
енергија. Вака добиената едно на сочна струја
се трансформира во наиз ме нич на 220V/50Hz
со помош на три ин вертори синхронизирани
со трите мрежни фа зи. Преку посебно
електрично броило оваа струја целосно се
предава на дистрибутивната мрежа на ЕВН.
Изградбата на фотонапонска сончева
централа е капитална инвестиција која треба
да биде во функција најмалку 40 години. Освен
што е потребно правилно да се проектира
колку енергија може да се произведе на
дадената локација, мора да се избере
соодветна технологија, компоненти за
мониторинг и tracking системи. Конструкцијата
на системот има голема улога, бидејќи
осигурува стабилност на системот кога врне
дожд, снег, при силен ветер, високи
температури, грмотевици, евентуален
земјотрес и др. Изградбата на фотонапонскиот
систем го изведуваат специјалисти од
фирмата со долгогодишно искуство во
проектирање и изведба на овој вид системи.
Откако ќе биде изградена и поврзана
централата, има период на пробна
експлоатација во кој централата е под
постојан надзор.

„СИЕТО" -единствен корисник на
грантот од Светска банка за
кредитирање на енергетски проекти

За тековните работи на фирмата, Марковски
открива: „Во моментов работиме на четири
други централи кои се надевам ќе бидат
пуштени на почеток на летото. Тие се со
моќност од по 50 киловати, а се наоѓаат: една во
село Таринци-Штип, една во Радовиш и две во
Охрид, во националниот парк Галичица.
Централите се изградени на приватно земјиште,
со приватен капитал и немаме никаква помош
од државата. Единствено што нуди државата е
откуп на струја.“ Финансирањето на проектот и
рокот на враќање на инвестицијата е особено
важно. Ако инвеститорот сам ги обезбеди сред -
ствата во целост, рокот на враќање е 4,5-5,5 го -
дини, во зависност од големината на инста лира -
ната моќност на системот. Доколку се користи
кре дитна линија, рокот на враќање за виси од
условите за кредитирање и се движи од 7-9 гo -
дини (земајќи ги предвид трошоците за обез -
бедување на кредит и банкарските трошоци).
- Постои еден грант од Светска банка за
кредитирање на проекти од енергетиката во
Македонија. Тој е доделен пред три години, во
висина на средства од 5,5 милиони долари.
Ние сме единствени корисници на дел од
средствата. Таа кредитна линија оди преку
деловните банки и дополнително ги
комплицира работите. Македонија,
благодарение на својата географска положба
изобилува со алтернативни извори на енегија,
но тие многу малку се користат. Едноставно
нема проекти, за жал – вели Марковски.

Јулијана ГЕРАСИМОВСКА

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top